АРТАН ГРУБИ : ВО ПАРЛАМЕНТАРНОТО МНОЗИНСТВО ЌЕ НИ СЕ ПРИКЛУЧАТ СИТЕ ПРАТЕНИЦИ КОИ БЕА ДОВЕДЕНИ ВО ЗАБЛУДА ОД НИВНИТЕ ПАРТИСКИ ЛИДЕРИ

0
921

Вицепремиерот Артан Груби денеска пред медиумите рече дека сите пратеници кои биле доведени во заблуда од своите партиски лидери ќе се приклучат во новото парламентарно мнозинство во наредниот период.

Ситуацијата е стабилна, Македонија е безбедна на патот до ЕУ кој е загарантиран и сум убеден дека пратениците беа ставени во заблуда од два-тројца партиски лидиери.  Сите тие пратеници кои се определиле да ја видат нашата држава во ЕУ ќе се приклучат. Тоа значи дека решението е сите тие пратеници и политички партии кои поддржуваат европска Северна Македонија треба да се приклучат кон оваа Влада“, рече Груби.

За пратеникот Кастриот Реџепи рече дека се издигнал и се надминал себе си со тоа што одлучил да не му се приклучи на опозицискиот блок.

– ДУИ нема вршено притисок над ниту еден пратеник, туку многу беа изманипулирани кога се потпишаа на иницијативата без да знаат дека се против евроинтеграцискиот процес, додаде Груби.