АРСОВСКИ : ВИДОВМЕ ДЕКА МИЦКОСКИ НЕМА НИКАКВА ВМЕШАНОСТ СО ПЛАЦЕВИТЕ ВО ДЕЛЧЕВО

0
646

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, по модераторско прашање околу денешното апсење за продадените плацеви во Делчево, посочи дека се видело оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема никаква вмешаност со плацевите во Делчево.

„Што се случува треба да ни кажат тие оркестрирани центри од СДСМ. Она што можам јас да го констатирам и кажам, вие веќе ја начнавте таа тема дека со месеци се трубеше, народски кажано, низ медиумите, во јавноста. Излегуваа на прес конференции нашите политички опоненти кои што се во власта дека има наводна вмешаност на претседателот Мицкоски и.т.н. Но ниту првиот и омилен директор на финансиска полиција на СДСМ, ниту првиот и омилен обвинител на СДСМ, ниту пак првиот полицаец и министер за внатрешни работи на СДСМ не најдоа никаква поврзаност иако четири месеци има било каква вмешаност“, порача Арсовски.