Арсовска: Финансиската помош да продолжи и во јуни и јули

0
618

Претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска вели дека на нашата земја ѝ е потребна безрезервна поддршка за спас на македонската економија проследена со квалитетна стратегија за справување со кризата.

„На приватниот сектор му е потребна предвидливост, плановите и одлуките за справување со состојбите и задржувањето на работни места претприемачите не ги носат од денес за утре. Затоа, итно и навремено да се донесе одлука за продолжување на финансиската поддршка за јуни и јули, без комплицирани услови и постапки.
Потребна е безрезервна поддршка, за спас на македонската економија проследена со квалитетна стратегија за справување со кризата“, напиша Арсовска на фејсбк.