АРСОВСКА СЕ ОБРАТИ КОН ТРАЈКО СЛАВЕВСКИ : МОЖЕ ДА МЕ ТУЖИТЕ АМА ДОБРО ЗНАЕТЕ ДЕКА БАРАВТЕ СЛУЖБЕНА ЛИМУЗИНА И ТЕЛЕФОН ЗА ДА РАБОТИТЕ!

0
437

Господине претседател на Советот ние доволно иницијативи сме поднеле, еве ако сметате вие дека треба да поднесете поднесете, јас од вас слушнав само предлог за каков телефон и какво возило сакате да имате, вели Арсовска.

Почитуван господине претседател на Советот, може да ме тужите и вие и јас знаеме дека сме зборувале за ова и бевте многу лути затоа што не ви дозволив да користите службено возило кое беше на располагање, една од оние црни лимузини, а потоа бевте многу лут затоа што тоа црно возило одеше во едно од јавните претпријатија во кое нема службени возила, рече градоначалничката како одговор на изјавата на Трајко Славевски дека ќе ја тужи Арсовска за кажаното дека барал службен телефон и возило за да почне да работи.

– Тогаш вие ја гласавте таа лимузина да оди во едно јавно претпријатие, кај директор кој во тој момент беше директор.

Уште една работа да потенцирам бидејќи беше истакната тука, имало членови на ДУИ, на СДСМ, а членовите на ВМРО не ги кажувате. Пример јас немам таква информација дека господинот директор на ЈСП е член на политичка партија, а вие го обвинувавте и јас го прашав дали е вистина и рече дека не е вистина.

Меѓутоа еве едно претпријатие го води жена истакнат член на вашата партија, уште едно претпријатие човек кој е член, никој досега не ги прашувал дали се членови на партија. Вие ако сметате дека овие луѓе треба да се членови на вашата партија, луѓето бараа промени, директор кој ќе биде професинален и нема да краде, вашите крадеа. Ако е темата ЈСП задржете се на таа тема, ме повикавте да дадам одговор и еве давам одговор, ако сакате да ги кажете директорите со партиски книшки кажете ги и вашите, зошто оф 8 директори кажувате само 5? – прашува Арсовска.