АРСОВСКА : НЕ ПЛАНИРАМ ДА ОДАМ НА ОДМОР, ИМАМ МНОГУ РАБОТА ВО СКОПЈЕ

0
509

Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска потенцира дека не планира да оди на одмор, бидејќи има многу работа во Скопје.

„Во изминатите неколку години не сме биле нешто многу на одмор, така да и ова година ќе се посветиме на град Скопје. Имаме една градежна офанзива, активна реконструкција следи некаде до крајот на месец септември. Сето она кое што го изработувавме во изминатите неколку месеци, затоа што дојдовме во град без проекти за жал, и единствени работи кои што се затегнати во реализација се оние проекти кои беа оставени со бројни проблеми. Проблемите полека ги решаваме, се посветуваме на новите проекти и активно да ги реализираме барањата на граѓаните уште во првата година на мандатот“, истакна Арсовска.

„Се наоѓаме во тешка глобална економска криза, но со посветена работа сметам дека ќе ја постигнеме нашата цел“, надополни градоначалничката.