АРСОВСКА, МУЦУНСКИ И КОСТОВСКИ ВО СЦ ,, ЈАНЕ САНДАНСКИ” : СО ПОДДРШКА ЗА РАЗВОЈ НА СПОРТОТ СЕ СОЗДАВААТ НОВИ ШАМПИОНИ

0
661

Денеска во СЦ „Јане Сандански“  градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски и градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски го отворија меѓународниот турнир во Таеквондо Скопје ОПЕН 2022.

Имам чест да истакнам дека Град Скопје е поддршка на меѓународниот турнир на кој над 550 учесници, од седум различни држави и повеќе од 30-тина клубови, се натпреваруваат во Скопје по осми пат., истакна градоначалничката Арсовска.

Таа во своето обраќање до натпреварувачите истакна дека градот истакнува силна поддршка за развојот на спортот и спортскиот дух особено за младите, подржува проекти и активности за создавање на здрави и спортски навики.

Само преку развој на спортот и поддршка на спортските активности се развиваат успешни млади таленти, кои носат потенцијал за олимписки успеси, како нашиот Дејан Георгиевски, олимпискиот вицешампион во таеквондо, гордост и иднината на спортот за Скопје и Македонија, посочи градоначалничката Арсовска на денешното отворање на меѓународниот турнир.