АРСОВСКА : ВО НАРЕДНИТЕ ДВА ДЕНА ЌЕ ПРИСУСТВУВАМ НА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНОВАЦИИ НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ КАДЕ ЌЕ ИМАМ СРЕДБИ СО ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА МЕТРОПОЛИТЕ НА САД И ЕВРОПА

0
487

🌍Во наредните два дена ќе присуствувам на конференција за иновации на градоначалници на која ќе остварам и средби со градоначалниците на метрополите од САД и Европа.

📚Размената на искуствата за локалната самоуправа има за цел да создадеме инклузивен, правичен и одржлив град. Скопје е метропола со која се гордееме и ќе продолжиме да делуваме при секоја можност да изнајдеме решенија кои можат позитивно да влијаат на нашиот град за доброто на сите.

🇪🇺🇺🇸🇲🇰Чест и привилегија е да бидам поканета да им се придружам на моите пријатели градоначалници од САД и Европа, како и на други истакнати иноватори и урбани експерти со кои ќе дискутираме за создавање подобри решенија и можности за нашите жители да напредуваат. Во фокусот на средбите ќе биде размена на искуства за справување со глобалната енергетска криза, спроведување реформи и кратење на непродуктивните трошења како мерки на штедење, но и можностите заедно да ги надминеме предизвиците со кои се соочуваат метрополите низ светот.

✈️Сите непродуктивни трошења на градот се минимизирани, па така и ова патување, како и претходните, нема да има финансиски импликации за градот, кој е гостин на партнерите од САД со кого интензивно соработуваме во изминатите неколку месеци.

Фејсбук статус на градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.