АПЕЛ ДО ПРИЛЕПЧАНИ : ПОНЕДЕЛНИК ВО 13 ЧАСОТ ВО ОПШТИНА ПРИЛЕП ЌЕ СЕ ОДРЖИ ПЕТТИ ПО РЕД ГРАЃАНСКИ ПАРЛАМЕНТ, ОПШТИНА ПРИЛЕП ОТВОРЕНА ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ И ГРАЃАНСКИ ЗДРУЖЕНИЈА

0
1193

Во понеделник во 13 часот во големата сала на Општина Прилеп ќе се одржи петти по ред Граѓански парламент, на иницијатива на градоначалникот Илија Јованоски. Вратите на Општина Прилеп се отворени за сите граѓански здруженија и граѓани од Прилеп и сите населени места, кои што припаѓаат на општината. Во фокусот и на овој Граѓански парламент ќе бидат проблемите со кои што се соочуваат здруженијата и граѓаните од целата општина. Целта е што поскоро решавање на проблемите и подобрување на условите и квалитетот на живот на сите граѓаните.