АПЕЛАЦИЈА ОДЛУЧИ, БРОЈЧАНИКОТ НА ЗАЕВ КОНЕЧНО ЌЕ СВРТИ: Сеад Кочан ќе оди во затвор, Трансмет И Силекс Неметали треба да вратат 17,3 милиони евра

0
1305

Бизнисменот Сеад Кочан ќе оди во затвор, но не веднаш. Четири години и осум месеци Кочан треба да биде зад решетки. Апелација делумно ја потврди пресудата за „Труст“ на СЈО, со што, пресудата е правосилна.
На Кочан првичната затворска казна од шест години му е намалена, а за Василие Авировиќ апелационите судии одлучија да добие двегодишна условна затворска казна, а ќе ја изврши ако во наредните 5 години направи ново кривично дело, иако кривичен му пресуди три години затвор.

-Апелациониот суд Скопје во останатиот дел првостепената пресуда во целост ја потврди. Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите, соопштија од судот.

Осудените Кочан и Авриовичќ треба да ја платат парична казна од два милиони денари. На фирмите „Трансмет“ и „Силекс Неметали“ им е забрането учество на тендери во наредните три години. Имотот ќе биде конфискуван за 17,3 милиони евра, колку што и беше тендерот со ЕЛЕМ.

Осудени се за кривичното дело „Злоупотрева на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – притватно партнерство“.

Кочан веднаш нема да оди во затвор. Прво треба да ја добие правослната пресуда, а потоа и известувањето од кривичен, од судија за извршување на санкции, определениот датум на кој треба да се јави во затвор. Сепак, според законот, Кочан има право на одлагање на затворската казана, но најмногу до три месеци.

Кривичен на 20 јули го осолободи Сафет Ватиќ од обвинение, но и фирмата „Вато“, со образложение дека не придонеле во кривичното дело.

Кочан и Авировиќ во јули минатата година беа прогласени за виновни во судскиот процес „Труст“, за злоупотреба на јавна набавка.

Судскиот процес траеше точно осум месеци и имаше повеќе од 20 рочишта. Кочан и Авировиќ, односно „Трансмет“ и „Силекс неметали“, според СЈО со лажни документи добиле тендер од ЕЛЕМ вреден 17,3 милиони евра.