АПАСИЕВ СЕ ИЗБРУКА, ЦЕЛА ДРЖАВА МУ СЕ СМЕЕ: ДИК експресно отфрли 1.478 приговори од “Левица”, заборсвиле да стават потпис и печат

0
1380

Членовите на ДИК отфрлија „по брза постапка“ 1.478 од вкупно 1.982 приговори поднесени од Левица, бидејќи немале потпис од овластено лице.

Државната изборна комисија ја почна седницата на чиј дневен ред се најдоа 2.142 приговори за постапката за гласање и за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на предвремените парламентарни избори.

Вкупно 151 приговор поднесе Алијансата за Албанците која на изборите настапува во коалиција со Алтернатива.

Два приговори од ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат на сумирањето на резултатите од гласањето.

СДСМ, како што најави, не поднесе приговори за овие избори.

До ДИК е поднесено и едно барање за увид во неважечките ливчиња од гласањето.

Подносителите на листите имаат право на жалба по одлуките на ДИК до Управниот суд.