АНТОЊО СОГОЛЕН ДО ГОЛА КОСКА : Документите за Милошоски постојат – сепак бил осуден во Германија за измама и кражба!!!

0
694

И покрај негирањата, документите кои ги поседува „А1он“ покажуваат дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски бил осуден за сторени кривични дела во Германија. Документите се напишани на германски јазик, и покажуваат дека Основниот суд во Ахен донел пресуда во 2004/2005 година дека Милошоски сторил дело, кое во тамошниот правен систем е заведено како „добивање придобивки“.

Документите содржат и број под кој се водел предметот, како и датум на пресуда. Дека му е судено на Антонијо Милошоски покажува првиот дел од документот, каде се внесени негови податоци – име и презиме, датум и место на раѓање, како и адреса на престојување во Германија. Во нашиот систем, делото е заведено

„Опис на прекршокот: Добивање придобивки. Применета регулатива: STGB 265A ABS. 1 (добивање придобивки со измама) в.в. 248 А. (кражба и злоупотреба од мала вредност). 20 дневни глоби со парична казна од 20,00 евра“, стои во описот на документот напишан на германски јазик.

Милошоски за „А1он“ негираше дека сторил кривични дела и дека бил осудуван во Германија, а потврди дека во периодот, во кој според документите сторил кривично дело, престојувал таму. Тој посочи дека точниот одговор за тоа дали му било судено може да го даде Амбасадата на Германија или германското МНР.

Според документите до кои дојде „А1он“, Антонијо Милошоски е осуден во ноември 2004 и ноември 2005 година. За двете дела требало да плати парични казни. Девет месеци потоа, односно август 2006 година, тој беше назначен за министер за надворешни работи во Владата на ВМРО-ДПМНЕ.