АНТОНИО МИЛОШОСКИ ГО ПРИЈАВИЛ ПРЕД УСТАВЕН СУД ОБВИНЕНИЕТО НА СЈО ПРОТИВ НЕГО ЗА НАРАЧАНАТА ЛУСТРАЦИЈА НА СУДИЈА ОД КИЧЕВО, ТВРДИ ДЕКА Е ДИСКРИМИНИРАН ЗАТОА ШТО БИЛ ПОЛИТИЧАР?!?!

0
649
Почитувани, Уставниот суд денеска во 9:30 часот ќе ја одржи 39. седница. На веб-страницата прочитајте повеќе за дневниот ред и иницијативите со кои се бара оценување на уставност и законитост, како и барањата за слободи и права.
Поради интерес на повеќе медиуми известуваме дека на дневен ред е предметот:
1.У.бр.316/2020 Подносител на барањето: Антонијо Милошоски од Кичево, застапуван од Петро Јанурa, адвокат Оспорени акти: Обвинителен акт КО.бр. 3998/19 од 24 август 2020 година на Основното јавно обвинителство  Скопје  поднесен до Основниот кривичен суд Скопје и Решение 11 К-ООА бр.96/2020 од 7 октомври 2020 година на судија за оценка на обвинителен акт на Кривичниот суд Скопје- Кривичен оддел.

Од наводите во барањето:

Подносителот наведува дека му е повредено правото на  забрана на дискриминација по основ на политичка припадност и политичко уверување предвидено во  член 110 алинеја 3 и член 9 од Уставот, со покренување на обвинение кое потоа е одобрено од судија за оценка на обвинителен акт во Основниот кривичен суд Скопје.

Во барањето е наведено дека содржините на претходно наведените докази јасно укажувале дека обвинителниот акт КО.број 3998/19 од 24 август 2020 година на Основното јавно обвинителство Скопје, кој бил поднесен до Основниот Кривичен суд Скопје и Решението 11-К.ООА. број 96/2020 од 7 октомври 2020 година на судијата за оценка на обвинителен акт на Кривичниот суд Скопје – Кривичен оддел, со кое биле одбиени приговорите како неосновани, биле донесени од неетички и малициозни причини и тоа било исклучиво со цел да се врши притисок и политичка дискредитација врз подносителот на барањето- Антонијо Милошоски,  пратеник од редовите на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.