АНТИЧКИТЕ ТАЛИБАНЦИ НА АПАРАТИ – КОВАЧЕВСКИ : ОВАА ГОДИНА ЌЕ СЕ ОТВОРИ МАКЕДОНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ВО БЛАГОЕВГРАД

0
884

Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски во гостувањето во ТВ 21 говореше за отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, а и за македонско-бугарските односи, кои осцилираат изминатите неколку години.

„Не се согласувам со отворањето на клубот со име „Ванчо Михајлов“ затоа што тој е дел од темната страна на историјата и тоа е провокација. Во однос на отворањето на македонски културен центар во Благоевград, името ќе го избереме до крајот на годината. Нашиот Устав предвидува дека индивидуалните права можат да се остварат колективно според Уставот. Легитимно е барањето на граѓаните и тоа ќе биде на предмет на разговор. Уставот не е обична книга која може да се отвори и затвори кога ќе се посака“, рече Ковачевски.