АНТИКРИЗНИТЕ МЕРКИ НА ВЛАДАТА НА СДСМ ДАВААТ РЕЗУЛТАТ, 4.000 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО ПОМОШ ЗА СЕКОЕ ДОМАЌИНСТВО

0
2147

Антикризните мерки на Владата предводена од СДСМ во вредност од 400 милиони евра, за ублажување на последиците од најголемата светска економска и енергетска криза даваат резултати за спречување на ценовниот шок и заштита на стандардот на граѓаните.

Благодарение на брзите и ефикасни мерки сметките на граѓаните се намалени за 4.000 денари месечно.

Само со намалувањето на ДДВ за основните прехранбени производи од 5% на 0%, од април до јуни, граѓаните заштедуваат во просек по 1.500 денари месечно.

Најголема заштеда односно ефект има кај мерката за електрична енергија. Доколку Владата не ја субвенционираше струјата, сметките за струја на граѓаните би биле околу 2.150 денари повисоки на месечно ниво.

Просечно 300 денари заштеда месечно за домаќинствата обезбедува намалувањето на стапката на ДДВ од 18% на 10% за енергенсите, односно акцизата.

Истовремено, минималната плата е двојно поголема од времето на ВМРО-ДПМНЕ, пензионерите добиваат помош од 1.000 денари месечно и рекордно зголемување на пензиите, обезбедна е поддршка на ранливите граѓани.

Во време на огромна криза, Владата предводена од СДСМ, го користи секој расположлив денар од буџетот за поддршка на граѓаните и комапниите.

СДСМ како одговорна партија продолжува со одговорни, ефикасни и издржани економски политики.