Терапијата против ковид е смрт, вакцината е отров, Бил Гејтс сака да изврши депопулација на планетата. Вакви беа пораките и теориите на заговор испратени вечерва од пред Собранието.
Околу 500 граѓани се собраа најголемиот дел без маски и побараа слобода на избор, повикаа ако им се бара вакцинален сертификат граѓаните да ги напуштаат работните места.