АНГЕЛОСКА НА ТРИБИНАТА ,,НАЈДОБРОТО ЗА НАШАТА ОПШТИНА” : СЕКОЈДНЕВНО СОЗДАВАМЕ ПОДОБРИ УСЛОВИ ЗА СИТЕ ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА ОХРИД

0
672
Aнгелоска на трибината „Најдоброто за нашата општина“: Секојдневно создаваме подобри услови за живот на сите граѓани во општина Охрид
Претседателката на Советот на Општина Охрид Живка Ангелоска на трибината на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“, се осврна на мандатот на локалната власт во Охрид.
Ние, искрено кажано не владееме, ние решававме проблеми, рече Ангелоска, нагласувајќи дека како локална власт се соочуваме со големиот предизвик: зачувување на природното и културното наследство на Охридскиот регион согласно препораките на УНЕСКО, решаваме проблем со дивите градби таложен со децении.
Не се однесуваме лицемерно и популистички. Најлесно е да го занемариме проблемот, да се амнестираме од обврска, да бараме вина во претходните локални власти. Но ние тоа не го направивме. Носиме тешки, некогаш и непопуларни одлуки со кои ја потврдуваме нашата заложба за владеење на правото и еднаквост пред законот, подвлече Ангелоска.
Таа нагласи дека само со искрени заложби и континуирана меѓуинституционална соработка можеме да ги решиме проблемите таложени со децении, природното и културното наследство има универазална вредност, должни сме да го сочуваме за идните генерации.
Граѓаните ги препознаа храбрите политики на СДСМ, нашата сила е во нашето единство, соработка, меѓусебна поддршка и комуникација, мотивација за создавање на подобри услови за живот на сите граѓани во нашата општина, порача претседателката на Советот на Општина Охрид Живка Ангелоска на трибината на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“.