АНА ПЕТРОВСКА: НЕ СЕ ТОЧНИ НАПИСИТЕ ДЕКА СУМ ПОВИКАЛА ДА НЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ

0
808

Почитувани,

Одредени интернет портали објавија текстови со наслов “Ана Петровска: Не гласајте за Шилегов”, што е неточно пренесување на изјавата од моето гостување на ТВ24.

Како и претходно, јас се оградив од мое поврзување со некоја од големите партии и истакнав дека не поддржувам ниту еден кандидат, односно приоритет е застапување на зелените вредности во Советот на Градот Скопје.

Секој граѓанин треба да гласа слободно и по сопствено убедување.

Бараме порталите што ја објавија дезинформацијата да го објават овој став.

Со почит,

ПР тим на Ана Петровска