АНАЛНИТЕ ИСЦЕДОЦИ НАРЕЧЕНИ СУДИИ ВО ОСНОВЕН СУД СКОПЈЕ 1 КОЈ СЛУЖАТ НА БАТЕ САШЕ И ГРУЈО одбиваат да изречат притвор за Горан Грујовски!

0
1592

Барањето на Специјалното јавно обвинителство за одредување мерка притвор за еден од осомничените во случајот „Трезор” е одбиено како неосновано, соопштија од Основниот суд Скопје 1.

Фокус дозна дека притворот е побаран за Горан Грујевски од УБК. Ова не е првпат да биде побаран притвор за Грујевски кој се појавува во неколку случаи на Специјалното јавно обвинителство. За случајот „Тврдина“, му беше определена мерка притвор, но откако одлежа некој ден во Шутка, Судот му ја уважи жалбата и го укина притворот.

За барањата на СЈО за мерки за претпазливост за останатите осомничени во Трезор, Судот се уште не донел одлука.

Претходно пак, Специјалното јавно обвинителство побара изземање на eдна од судиите на претходна постапка за предметот „Трезор“ поради релации со фирмата „Финзи”.

СЈО бара изземање на судијката Елена Јосифовиќ поради сомневање во нејзината непристрастност, затоа што постоел должнички однос на едно правно лице застапувано од нејзиниот девер Ненад Јосифович кон фирмата Финзи, дознава Фокус од судски извори.

Од Судот пак, велат дека ова е трето барање за изземање судија од страна на СЈО и го обвинија дека намерно ги одолговлекува постапките.