Аналитичари: Дистанцирањето на ДУИ од убиените функционери е најлоша стратегија

0
1072

Убиствата на двајцата партиски функционери и особено дистанцирањето на ДУИ од нив е смешно. Вака коментираат за Алсат аналитичарите Сефер Тахири и Суад Мисини. Според нив, тоа е најлош начин кој една политичка структура треба да го избере во вакви случаи. Двајцата наведуваат дека одговорноста за последните случаи е кај раководството на оваа партија како и кај раководните структури на централно и локално ниво.

dui-460x272

„Мислам дека дистанцирањето од нејзиниот кадар и од нејзините блиски луѓе е најлошата можна стратегија од аспект на политичка комуникација, бидејќи на крајот на краиштата, ова време за самата ДУИ, за самиот нејзин лидер и за партиското раководство е време кога треба да се бара одговорност внатре во структурите на партијата…Мислам дека прашањето на политичка и морална одговорност, во конкретниот случај им припаѓа на луѓето од аспект на структурната организација на партијата на централно и локално ниво и секако дека му припаѓа и на самото раководство на оваа партија кое не треба да дозволи ситуацијата да стигне да таа точка да има и убиства од политички мотиви, кога се знае дека човечкиот живот е повреден од била каква политика“, вели Сефер Тахири- аналитичар.

Мисини од друга страна истакнува дека ова не би се случило доколку партијата не се претворела во, како што вели, класична мафијашка структура која проблемите ги решава само на ваков начин. Според него, ваквата состојба ќе продолжи и во иднина.

Последните случувања, според аналитичарите, негативно ќе се одразат врз структурата и членството на ДУИ. Мисини дури предвидува и распаѓање на ДУИ.

„Мислам дека ова негативно ќе се рефлектира врз нејзините структури, врз нејзиното членство и симпатизери и на еден начин сметката ќе ја плати оваа партија, но од друга страна мислам дека ќе биде многу добра лекција за ДУИ за со ситуациите во иднина да постапат поразумно и со поголема политичка зрелост, бидејќи во деликатни ситуации треба да се најдат поцелосни и поиздржливи решенија, а не решение како што беше случајот во Куманово“, додава Тахири.

Тахири и Мисини истакнуваат дека партијата на Ахмети поминува низ тешка фаза и оти со кризата во партијата не може да справат само барајќи одговорност кај државните органи, бидејќи и таа е составен дел од нив.