Аналитичари: Груевски ќе ја блокира конститутивната седница бидејќи се плаши од СЈО

0
2187
И покрај тоа што беше постигнат договор дека претседателот на Комисијата за избори и именувања ќе биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, аналитичарите Насер Зибери и Темелко Ристевски не очекуваат партијата на Никола Груевски да се откаже од блокирањето на конститутивната седница.
Според Зибери, ВМРО прави сè за да го спречи продолжувањето на мандатот на СЈО за, како што вели, да не се соочат со правдата.