Америка е на работ на конфликт

0
1396

Над 200 луѓе се уапсени за време на протести минатата вечер против полициско насилство за Афроамериканците…

Бесот на граѓани од цела Америка поради смртта на двајца Афроамериканци минатата недела што ги убиле полицајците не престанува. Меѓу апсените има и некои од активистите „Животите на црнците се важни“.

Повеќето протести биле мирни во Њујорк, Лос Анџелес и Сан Франциско, но во Сент Пол, Минесота, имало немири, во кои се уапсени 102 лица. Демонстрантите ги напаѓале полицајците со камења, шишиња, пиротехнички средства, молотови коктели и метални шипки. Повредени се 21 полицаец.

Во градот Батон Руж се уапсени уште стотина демонстранти.