Американска диета: Дневно се губи по 1 килограм масни наслаги!?

0
1711

Ако од исхраната се исклучат јаглехидратите ќе го поттикнете организмот да се исчисти од наталожените масни наслаги. Оваа диета не пропишува конкретни оброци, ниту пак има потреба да ја мерите храната што ја консумирате. Што е најважно од се – нема да се чувствувате гладни!

dieti5

Таканаречената „Американска диета“ се заснова на целосно исклучување на јаглехидратите од исхраната, со што ќе у помогнете на организмот да се исчисти од масните наслаги. Треба да имате во предвид дека што помалку јаглехидрати внесувате, толку организмот побрзо ќе се ослободува од масните наслаги! За оваа диета нема потреба да подготвувате посебни оброци, ниту пак да ја мерите храната што ја јадете.

Диетата се започнува во понеделник. За првите шест дена ќе изгубите околу 5 килограми, секој следен ден ќе бидете полесни за еден килограм. Секое утро ќе имате 1 килограм помалку, а за 24 дена можете да изгубите и до 20 килограми!?

dieti2

Важно е да имате во предвид дека ако во текот на диетата изедете макар и залче леб или каква било друга ситница што содржи јаглехидрати автоматки ќе го прекинете процесот на топење на масните наслаги и ќе ја нарушите диетата. Нема да ги постигнете саканите резултати и ќе мора да ја почнувате од почеток.

Диетата може да се држи колку време сакате, односно додека не ја постигнете саканата тежина. Секако, пред да ја почнете најдобро е да се консултирате со вашиот доктор. За да се избегне можноста да дојде до недостаток на одредени витамини и минерали во организамот се препорачува во текот на диетата да се земаат витамини Ц и Д, како и калциум, магнезиум и цинк.

Извор : Штипка