АМЕРИКАНСКАТА КОМПАНИЈА ,,МОДЕРНА” ВЛЕГУВА ВО ПОСЛЕДНАТА ФАЗА ОКОЛУ ТЕСТИРАЊЕТО ЗА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД 19

0
785

Додека првиот човек на Светската здравствена организација уште еднаш се заложи за општа достапност на идната вакцина за коронавирусот и го осуди националистичкото „присвојување“ на вакцините, 26 потенцијални вакцини ширум светот во фаза на клиничко истражување. Еден од најнадежните кандидати е онаа на американската компанија „Модерна“ која веќе 10 дена е во последната трета фаза на тестирање.

Пробната вакцина заедно ја развиваат биотехнолошката компанија „Модерна“ и американскиот Национален институт за алергии и заразни болести, дел од Националниот институт за здравство (НИХ).

Околу 30.000 возрасни волонтери од сите делови на САД во период од два месеци се очекува да учествуваат во студијата, во која меѓу другото се проценува и безбедноста на вакцината и дали таа може да спречи развивање на симптоми на Ковид-19  по примени две дози.

Извор : Дојче Веле – Видео ОВДЕ