Амбасадата на Германија донираше респиратори и пулс оксиметри

0
1075

Амбасадата на Германија денеска во Министерството за здравство предаде донација од 84 респираторни машини и 100 пулс оксиметри со вкупна вредност од 878.768 евра, во рамки на поддршката на Германија за земјите од Западен Балкан.

Амбасадата соопшти дека донацијата се реализираше благодарение на одличната соработка меѓу владите на Германија и Северна Македонија и во партнерство со канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје.

– Секаде во Европа се справуваме со корона-пандемијата, а притоа европската солидарност е од големо значење. Сè додека не се безбедни сите, не е безбеден никој од нас. Од тие причини, Германија ја поддржува Република Северна Македонија во борбата со корона-пандемијата – информира Германската амбасада.