АМАН ОД АНТИ-ВАКСЕРИТЕ: УШТЕ 2 БЕБИЊА СО МАЛИ СИПАНИЦИ, МИНИСТЕРСТВОТО АПЕЛИРА ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ И УЧЕНИЦИТЕ ПРЕД СТАРТОТ НА ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ

0
882

„Апелираме до родителите, уште утре да ги вакцинираат своите невакцинирани деца во вакциналните пунктови, пред почнувањето на второто полугодие. Апелот важи за сите основни училишта во државата“, велат од Министерството за здравство (Фото: СДК.МК)

На Клиниката за Инфективни болести денес се хоспитализирани уште две деца на возраст од една година и 9 месеци, соопшти Министерството за здравство.

„За децата има сомнеж дека имаат морбили. Едното дете е од селото Крушопек-Сарај и има 1 година и едно 9- месечно дете од населбата Шуто Оризари. Двете се невакцинирани. Во моментов има 22 болни од морбили, од кои 20 се деца и двајца се возрасни“, велат од Министерството за здравство.

Во пунктовите за вакцинација до 13 часот биле вакцинираи 10 деца, односно од втори јануари досега вакцината МРП ( Морбили, рубеола и паротит) ја примиле 1,904 лица.

„Уште еднаш повикуваме на вакцинација на децата, иако е прогласена епидемија од морбили. Има доволно количини од МРП вакцините. Апелираме до родителите, уште утре да ги вакцинираат своите невакцинирани деца во вакциналните пунктови, пред почнувањето на второто полугодие. Апелот важи за сите основни училишта во државата. Вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со добар квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење“, велат од Министерството за здравство.
ИЗВОР: СДК.МК