Амазон спрема таблет кој ќе чини под 50 долари

0
980

Иако неодамна „Amazon“ го намали фокусот на хардверот, компанијата се уште има амбициозни планови во овој сегмент. Меѓу нив е и претставување на компактен таблет до крајот на оваа година кој ќе чини 50 долари.

gtykindlefirent110928wg

Токму извршниот директор на „Amazon“, Џеф Безос ја има поставено целта уредот да чини 50 долари. Според него најниската цена ќе биде клучна за привлекување на вниманието кон таблетот.

Толку била посакуваната цена од Безос и за другите уреди, како „Kindle Fire“ и електронскиот читач „Kindle“. Таа сепак не била реализирана поради тогаш високите цени на екраните.

Новиот таблет ќе има 6-инчен екран. Нема да има функција за телефонија, а не се очекува да блеска и со особено импресивни спецификации. Главната цел ќе биде едноставно да може ги извршува најосновните работи за максимално ниска цена.

Покрај тоа, компанијата предвидува преставување на уште две верзии на таблетот, со 8 и 10 инчни екрани.

Се очекува тие да имаат и посериозни спецификации за да се за повеќе барани од корисници. Се разбира, нивните цени ќе одразуваат и на подобрувањата. Засега од „Amazon“ не коментираат на оваа тема.