„Амазон“ се искачи на врвот – стана највредна компанија во светот

0
2933

„Амазон“ го надмина „Мајкрософт“ на листата со највредни компании во САД кога превирањата на берзите доведоа до промена на листата на американски корпорации. „Амазон“ првпат се искачи на првото место како компанија со најголема вредност во светот нотирана на берзата.

Промената на врвот се случи кога акциите на „Амазон“ пораснаа 3 отсто и ја подигнаа пазарната вредност на интернет-трговскиот гигант на 797 милијарди долари. Акциите на „Мајкрософт“ пораснаа помалку од 1 отсто, со што пазарната вредност на производителот на софтвери изнесува 784 милијарди долари.

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, веќе една година е најбогат човек на планетата. Неговото богаство во периодот од 2016 до 2017 година речиси се удвои со над 100 милијарди долари. Имотот на Безос сега се проценува на 112 милијарди долари. Веднаш зад него е Бил Гејтс, коосновач на „Мајкрософт“, со проценето богатство од 90 милијарди долари.