АЛ-ИТИХАД ГО ПОТВРДИ МИЛИОНСКИОТ ДОГОВОР СО КАРИМ БЕНЗЕМА

0
582

Ал-Итихад од Саудиска Арабија го потврди трансферот на Карим Бензема, кој денеска по 14 години се прости со Реал Мадрид за да го потпише најбогатиот договор во историјата на фудбалот.

Бензема го следи патот на својот поранешен соиграч, Кристијано Роналдо, кој одигра половина сезона во Ал-Наср со променлив успех, но исто така со огромен договор.

АФП не ги открива финансиските детали од договорот што Бензема го потпиша со Ал Итихад.

Footmercato пренесува дека тоа е најголемиот договор во историјата на фудбалот и дека Бензема ќе добие 600 милиони евра за три години.

Според „Мундо депортиво“, Французинот ќе добив неверојатни 100 милиони евра за една сезона, и тоа е сума на која нема да мора да плати данок, за разлика од платите кои фудбалските ѕвезди ги добиваат во Европа.

Саудиските клубови не застануваат тука, со планот да се донесе Лео Меси во Ал-Хилал, иако ова може да го „расипе“ Барселона со најавите за враќање, а денеска се шпекулираше дека понуди имаат и Лука Модриќ, Н’Голо Канте и повеќе други фудбалски ѕвезди.

Бензема одигра 647 меча за Реал во кои постигна 354 гола.