АЛО БЕ МРЧАТОРИ И ВЕЧНИ КРИТИЗЕРИ, КАМО 10 МИНУТЕН АПЛАУЗ ЗА ДИМИТРОВ И ОСМАНИ ШТО ИЗДЕЈСТВУВАА ГОЛЕМА ДИПЛОМАТСКА ПОБЕДА НАД БУГАРИЈА – ЕУ ВО ДОКУМЕНТ ЈА ОСУДИ БУГАРИЈА ЗА ПРОВОКАЦИИТЕ КОН СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ВО СОФИЈА ТРИ ДЕНА СЕ КАКО ПОПАРЕНИ?!?!

0
3010

Само за критика и за мрчење е создадена оваа јавност!

За најбалнална грешка не знам свртено знаме наопако при пречек на некој државник три дена се јаде бурек и да не кажам уште што на соц мрежи по порталите и дебатните емисии…

А сега нема ниту глас ниту најмала пофалба за големата дипломатска победа над Бугарија, дело на неуморните Димитров и Османи кои ја ораа ЕУ надуж и попреку изминативе месеци, па ЕУ во документ ја осуди Бугарија и ги замоли министрите од бугарската влада да не даваат провокаторски изјави кон Северна Македонија, за што во Софија се како да ги треснал метеор, 3 дена не знаат што да изјават кај да се свртат…

Еј каков подвиг, како триумф, браво, поклон до земја господа Димитров и Османи, браво! Да ви се алал ручеците и вечерите и патувањата и платата што ја земате од народот, ете вака се враќа кон државата и народот со неуморна напорна концентрирана талентирана ефективна битка која на крај резултира со голема победа, историска би рекол!!!

И сега ордите мрчатори, хејтери, сероњи, вечни критизери што ќе прават? Нормално, ќе чекаат Димитров некаде да се сопне или лизне на кора од банана и површно популистички да шират хистерија дека се неспособни дека ја продале земјата и интересите на народот дрн дрн, кучињата ќе продолжат да си лааат, тоа е…