Алкалоид ќе исплати дивиденда од 324 денари по акција

0
1032

Фармацевтската компанија „Алкалоид“ ќе исплати дивиденда во висина од 324 денари нето, односно 360 денари бруто, за една акција.

Како што соопшти команијата преку Македонска берза, висината на дивидендата по акција ја предложил Управниот одбор на компанијата, а треба да ја потврди Собранието на акционери закажано на 6 април.

Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциските сметки на акционерите. Последен датум на тргување со право на дивиденда за 2019 година е 21.04.2020 година, а исплататапочне од 20.05.2020 година.

Лани акционерите на „Алкалоид“ добија 272 денари нето по акција или 320 денари бруто по акција.