Али Ахмети е дел од фамилијата на власт

0
1277

Како „терористот“ Али Ахмети стана најверен сојузник на Никола Груевски и како меѓу врвот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ постојат огромно заемно разбирање и интерес

Gorgi_spasov_02

Никола Груевски дојде на власт во 2006 година со тврдењето дека никогаш нема да направи владина коалиција со „терористот“ Али Ахмети. СДСМ во претходните четири години беше обвинуван за коалиција со терористите, за преголемото попуштање кон Албанците и националното предавство извршено со новата територијална поделба на општините. Македонските националисти за малку ќе го запалеа жив Бучковски во Струга поради „националното предавство“ со територијалната поделба.

Националистот Груевски за свој партнер во Владата во таа 2006 година си го одбра Мендух Тачи, кој освои помал број пратеници од ДУИ, но кој го заслужи епитетот „војводата Тачи“ со приказните за „окрвавените раце на Црвенковски“ и жестоките напади во тој период врз СДСМ за неговото „антиалбанство“. Но, инвестицијата на Тачи во политичкиот дил со Груевски не ги даде очекуваните резултати од негова страна. Набргу стана јасно со мајскиот договор меѓу Груевски и Амети дека Тачи ќе остане на цедило и дека Ахмети му е попотребен на Груевски за зачувување на власта и за провоцирање на македонскиот национализам, кој ја туркаше водата кон воденицата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. На вонредните избори во 2008 година одржани по самитот на НАТО во Букурешт, Груевски високо го издигна знамето на национализмот со паролата „Дајте ни гласови за никој (особено Грците) да не може да не’ уценува“, а Ахмети побара мнозинство кое веќе никогаш Груевски (Македонците) не ќе може да го игнорира како политички фактор.

Целата колумна може да ја прочитате ОВДЕ