АЛИЈАНСА ЈА МЕНУВА РЕТОРИКАТА КОН ВМРО-ДПМНЕ : НЕРЕФОРМИРАНА ПАРТИЈА КОЈА Е СРАМ ЗА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИЧКА СЦЕНА

0
495

Алијанса за Албанците побара од потпретседатлот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски „да се отрезни“ бидеји, според партијата која претендира да влезе во владината коалиција, лидер на македонската опозиција, според анкетите на ИРИ е Никола Груевски.

–Ги повикуваме Николовски и другите како него да се отрезнат и да размислат, бидејќи лидер на македонската опозиција според анкетите на ИРИ е Никола Груевски, тоа се должи на нереформираната партија во нејзината идеологија и кадровско управување и ова е срам за Македонската политичка сцена.

Вие сте исто така виновници за изолацијата на земјата овие 10 години, правејќи ја неиздржлива за живеење и за над 700.000 раселени луѓе. За среќа, вашата реторика замина во азил и со овој пристап останувате фактор на нестабилност за Северна Македонија. Не го хранете македонскиот граѓанин со поезија, барајте помош за да излезете од калта во која ве потона Левица, велат од Алијанса.