АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ СО ПРЕДЛОГ ДА СЕ НАМАЛАТ ДДВ-ТО И АКЦИЗАТА ЗА ГОРИВАТА

0
719

По драматичното поскапување на горивата во земјава Алијанса за Албанците предлага мерки за ублажување на финансиските последици  по граѓаните, вклучувајќи намалување на акцизата за горивата и намалување на ДДВ-то.

„Цените на горивата денеска бележат значително зголемување после најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика. По зголемувањето на цените на кошничката за храна и електричната енергија, денешното покачување на рекордни нивоа на цените на горивата ќе има негативно влијание врз буџетот на домаќинствата.

Главниот фактор е зголемувањето на цените на светските берзи. Но, освен ова постојат и внатрешни фактори, бидејќи таксите, акцизите и даноците се на високо ниво.

Алијанса за Албанците предлага:

Намалување на акцизата од 22 денари за бензинот на 15 денари, како и за дизелот од 15 на 9 денари.

Намалување на данокот на додадена вредност, ДДВ, од 18% на повластена стапка од 5%, исто како што направија и со цената на струјата што исто така беше предлог на Алијанса за Албанците и резултираше позитивно иако првично Владата беше скептична и одбиваше”, велат од Алијанса за Албанците.

Од партијата предлагаат и замрзнување на даноците и акцизите, на ниво на вредноста од пред една недела (28.02. 2022), значи да примени максимален лимит на цената за овие показатели, како и намалување на можен минимум на трговската маржа за трговците на мало.

Оттаму порачуваат овие мерки да се преземат што поскоро, бидејќи поскапување на цените на горивата се предвидува и во следниот период.