АЛЕКС РУЖИН: Разни ЌУТОЛОЗИ сега држат лекции за се и сешто, а до вчера никаде ги немаше!

0
1777

Интелектуалци, професори, јавни личности, артисти и сите останати ЌУТОЛОЗИ (чест на исклучоци): Со вашето молчење цели 11 години свесно ја стимулиравте и поттикнувавте власта на Груевски да ја развива диктатурата во Република Македонија. Со кое право барате денес државни фунции, субвенции или било каква помош од државата? На кој начин вие придонесовте да се демократизира државата? Приоритет во оваа држава според мене имаат сите оние храбри луѓе кои секојдневно маршираа низ булеварите и улиците ширум државата, и по студови и по најголеми горештини. Оние лица кои беа редовно шиканирани, малтретирани и брутално третирани. На тие луѓе им се должи, затоа што без нивниот ангажман, како и оној на активистите на СДСМ, ЛДП и коалицијата, денес ќе бевме како Колумбија во времето на Пабло Ескобар!

Фејсбук статус на Алекс Ружин