Албанските лидери од Македонија пак на средба кај Рама, Тачи војвода го нема

0
1466

Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги свика на средба лидерите на албанските партии од Македонија.

Според албанските медиуми, Рама во Тирана ќе се сретне со Али Ахмети од ДУИ, Билал Касами од Беса, Зијдин Села од Алијансата на Албанците и Мендух Тачи од ДПА.

Неофицијално, на средбата тој ќе понуди документ-програма со совети и препораки за партиите. Албанскиот премиер се залага да го обедини албанскиот блок, за партиите да направат заедничка стратегија и заедно да влезат во новата влада.15723701_10154331119481523_5107548003369107935_o