Алармантни податоци за одлив на стручен медицински кадар од „реформираното“ здравство на Тодоров и Груевски: Околу 700 млади лекари заминаа од земјава!

0
884

Околу 700 млади лекари  заминаа од Македонија на работа во странство, изјави за Алсат-М,  доктор Симон Силјаноски, почесен претседател на Синдикат за здравство.

Тој очекува бројката на оние што си одат од земјава да се зголемува, ако во европските земји продолжат да се нудат условите за вработување лекари. Објаснува дека на германскиот или шведскиот здравствен систем му е поефтино да увезат, отколку да создават стручен кадар.

– Сигурно се привлечени од условите на работа, која е секако многу подобра таму бидејки имаат извонредни услови кои државата ги создавала и она што им го нуди како личен доход. Разликата во платите на пример во европскиот Кувајт, а тоа е Норвешка и Македонија е смешна.Нашата месечна плата одговара на нивната дневна.Мислам дека како што сум слушнал преку комората околу 700 за овие две години доктори – рече Силјаноски.