АКТИВИСТИ НА ВМРО ДПМНЕ – МАКЕДОНСКИ БИВИС И БАТХЕД: ПРИВЕДЕНИ ДВАЈЦАТА НАСИЛНИЦИ ОД ШТИП КОИ КРВНИЧКИ ТЕПАА ДЕВОЈЧЕ ПА ДУРИ СЕ ПОФАЛИЛЕ СО ВИДЕОТО НА ФЕЈСБУК!

0
1724

На социјалните медиуми се појaви вознемирувачко видео на кое двајца мажи брутално тепаат и клоцаат девојка.

Според информации од хелсиншкиот комитет за  човекови права по случајот се постапува.

-Ве известувам дека лицата се идентификувани, Бирото за јавна безбедност постапува. Постапува и Центарот за социјални работи. Најстроги санкции за ваквото нечовечко однесување -напиша на фејсбук и заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.

Подоцна ја дополни информацијата наведувајќи дека сторителите се приведени.

И министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев на фејсбук изреагира за видеото на кое двајца насилници тепаат девојка и ја информираше јавноста дека лицата кои се препознаваат на видеото  се лишени од слобода за понатамошно постапување.

-Во врска со видеото кое утрово се споделува на социјалните мрежи, ја информирам јавноста дека од страна на Секторот за внатрешни работи Штип преземени се мерки за утврдување на идентитетот на лицата кои се препознаваат на видеото и истите се лишени од слобода за понатамошно постапување. Според информациите од ПС ОН Штип, станува збор за лицата С.А и П.Р.

За конкретниот настан и преземените мерки известено е основното јавно обвинителство.

Министерството за внатрешни работи ги презема сите потребни мерки за целосно расчитување на случајот – напиша Чулев.