Ако Зоран Заев не успее сега да ја спаси Македонија, за Македонија нема веќе да има друга шанса! Затоа, мораме да му дадеме поддршка!

0
3096

Мај, 2014…
Конгрес на СДСМ на којшто се гласа за доверба на Заев…
Завршува конгресот и Заев ја добива довербата од делегатите… Знаете ли кој беше првиот потег на лидерот Заев? На неговите најлути противници и противкандидати за лидер на партијата, веднаш им понуди функции…
На Игор Ивановски – Шема му го понуди местото Ген. секретар на СДСМ… Соработници му станаа дури и оние коишто гласаа против него на тој конгрес…
Заев покажа доблест несвојствена за македонските суетни политичари!

Декември, 2016…
Парламентарни избори… Во предизборната кампања Заев беше изложен на најгнасни навреди… Завршија изборите, Заев стана премиер и ‘им ја отвори вратата’ на СИТЕ што се подготвени да и’ помогнат на Македонија… Вклучително и на оние идиоти како Амди Бајрам и неговите бедни и невкусни “шеги’ за зајак и морков…
Заев уште еднаш покажа доблест и ја потисна суетата во себе!

Октомври, 2018…
Парламентарна седница за уставни измени… На оние што го понижуваа и го навредуваа и на оние коишто ја посакуваа неговата крв (буквално кажано) им понуди рака на помирување… ПомиРување, а не помиЛување…
Убава прилика да се види разликата со ‘претходниот’, којшто 11 години ги делеше Македонците и сееше омраза!

Во принцип секогаш сум бил против создавање култ од личности… Сепак, на Заев сакам јавно да му оддадам почит за силата што ја наоѓа во себе…
Да употребам една стара флоскула… Човек со такво срце се раѓа еднаш на 100 години…
Ако Зоран Заев не успее сега да ја спаси Македонија, за Македонија нема веќе да има друга шанса… Затоа, мораме да му дадеме поддршка!

Ацо Лукароски