АД ХОК ТЕЛОТО НЕ ДАЛО СОГЛАСНОСТ ЗА ЗДРУЖЕНИЕ СО ИМЕТО НА БУГАРСКИОТ ЦАР ФЕРДИНАНД

0
384

Советодавното тело кое ќе дава мислења за употреба на име на некоја историска или друга позната личност во имињата на здруженијата и други правни лица, денеска не седница не дозволило создавање на ново бугарско здружение кое ќе го носи името „Цар Фердинанд“.

-Оваа личност стои на чело на бугарската држава во време кога се воделе неколку војни кои за македонците се, значат крвопролевања и разрушувања и ценевме дека името на ваква личност ќе предизвика негативни чувства кај најголемиот дел од граѓаните на Македонија, изјавил за Бобан Петровски, претседател на советодавното тело за Сител.

Тој додава дека заклучокот од денешната седница ќе биде испратен до Министерството за правда и Централниот регистар.Барањето за регистрација го упатило бугарското здружение во градот Богданци. Ова Советодавно тело е ад хок решение кое дојде како преодно решение додека да се донесе нов Закон за здруженија и фондации.

Ова тело се состои од седум постојани членови кои ги номинирале самите институции, а меѓу нив е и академик Драги Ѓоргиев кој е редовен член на МАНУ, и е дел од заедничката историска комисија со Бугарија. Покрај седумте членови, по потреба ќе се вклучуваат дополнително и други лица од граѓанскиот сектор и надлежните институции.