АДЕМИ : ГРАЃАНИТЕ КОИ ГИ ЗГРИЖУВАМЕ СЕ ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ КОИ РАБОТЕА ЗА БИ-БИ-СИ, ФРИДОМ ХАУС, НДИ И ЗА ДРУГИ ДЕМОКРАТСКИ ТЕЛЕВИЗИИ ВО АВГАНИСТАН

0
1152

Имаме воспоставено систем преку кој добиваме листа со имиња и податоци за авганистанските бегалци, кои потоа се проверуваат во МВР и АНБ и не треба да се грижиме за безбедносен ризик, уверува советникот за надворешна политика во Владата, Едмонд Адеми. Тој на Сител истакна дека во овој момент станува збор за бројка од 643 луѓе, иако, додава Адеми, можеме да прифатиме до 1.800.

-Сите овие луѓе ќе бидат процесуирани кон САД или трети земји. Тие веќе работат за реномирани меѓународни организации и фирми, а ние привремено ќе ги згрижиме додека им се извадат специјални мигрантски визи за во САД. Кај нас, согласно Законот за странци, ќе им се издава виза за престој до 90 дена – вели Адеми.

Според него, амбицијата на овие бегалци е да продолжат да работат за фирмите за коишто досега работеле и затоа вели дека нема потреба од лажни вести дека за нив ќе се отвораат работни места.

-Станува збор за 650 лица кои се членови на семејства на вработени во Националниот демократски институт, Отворено општество, Обединетите нации, но и новинари интелектуалци и експерти од Би-Би-Си, Њујоркер, Фридом Хаус, како и студенти на меѓународни универзитети – рече Адеми.