АДЕМИ ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ДА ИМАМЕ ШТЕТА АКО БУГАРИТЕ ГИ ВНЕСЕМЕ ВО УСТАВОТ

0
368

Пратеникот од ДУИ, Арбер Адеми вели дека уставните измени нема да наштетат на Македонија и смета дека Бугарите треба ги внесат во Уставот.  Кажа дека треба да го следиме европскиот пат.  „Република Северна Македонија нема да претрпи никаква штета ако го исполниме овој услов и во нашиот Устав се вклучат и други етнички заедници вклучувајќи ја и бугарската“, вели тој.

Адеми е поборник да се создаде меѓупартиски, државен општествен консензус.  „Сметам и длабоко сум уверен дека немаме право да се откажеме од зацртаните стратешки цели, кои се генерациски и не се во функција на дневната политика. Потполно ги поддржувам Владата и напорите на нашите институции да влеземе во ЕУ во 2030 година“, рече Адеми.  Тој смета дека треба повеќе да се занимаваме со реформите, а помалку со политика. Бугарија бара Бугарите да бидат внесени во македонскиот Устав.