АВТО ПОРТРЕТ : ТИТО ПЕТКОВСКИ Е ЕДНО ГОЛЕМО НИШТО!

0
690

Како да се прими оваа (де) Фокус(ирана) бласфемија на Тито Петковски, освен како ЕДЕН ВЕРОДОСТОЕН АВТОПОРТРЕТ, достоен на Ван Гог и скинатото уше!

Како да се прими ова потценување на колективното паметење,на јавната меморија ,интелигенција и самосвест на народот, освен како ИСТУРАЊЕ ПОМИЈА ВРЗ СОПСТВЕНОТО ТЕЛО!?

Тито Петковски е единствениот во жална Македонија кој целиот работен век го поминал врз грбот на народот – како партиски и државен раководител! И во комунизмот и после осамостојувањето на земјата, период кој Тито Петкоски го множи со нула, поништувајќи се самиот себе си!

Во сиот овој транзициски период Тито Петкоски не е излезен од Собранието – пратеник, потпретседател, претседател… Тој е единствениот кој ги надмина Стојан Андов и Љубисав Иванов Зинго!!!

Во самиот државен врв кога се носи законот за криминална приватизација.

Директен учесник, инспиратор и асистент (ако не и партнер!) во создавањето на империјата на сега осудениот криминалец – затвореник Орце Камчев (преку татко му Илија)!

Кандидат за претседател на државата (1999) за кого во Велешта ќе оставевме жртви, а нему “не му требaa албански гласови”!!!

Каква е таа дрскост, безобразлук и ѓон карактер, при живи сведоци, на ваков начин, да се посипувате со пепел!?

Коалициски партнер на Груевски и Тачи. За грст долари, една фалсификувана сукња и три ручеци “више”!

Да, во тие две години, 2006,2007, бевме заедно (не бегам од личната одговорност), но, барем барав, а не дозволи – претходна одлука на партиски орган – за влегување во коалицијата!

До колку треба да си лицемер, да продаваш “муда за бубрега”, а тoкму Ти си тој кој ја погреба идејата за Трета опција, за напуштање на црно-белиот свет, во момент, кога веќе, не врапчето, туку гулабот ни беше во рака?

Сите што ќе ме обвинувате за “задоцнета памет”, ви ја ставам на располагање, дискусијата, крикот од моментот, кога Тито Петкоски, надвор од расположението на членството, со групата околу него (децата кои ги роди политички и кои го напуштија!), ги погреба НСДП и приликата за Трета опција, враќајќи се Леси назад “дома “ (под скутината на Радмила Шеќеринска!).

Поминаа 14 години (седницата на Централниот одбор се одржа на 30 април 2008), а Тито Петкоски се уште не одговорил на, од мене, поставените 10 прашања!

(Да ви ги скратам маките: директно, пред членоивите на ЦО, го обвинив за политичко профитерство, кукавичлук, личен егоизам, прелага, предавство, малодушност, страв, дезертерство, релативизирање на личната одговорност…).

Не денеска, туку на 30 април 2008 година.

Цитат од десеттото прашање: “Каде не водите претседателе, командант на војската? Во име на што го потценувате членството? Демотивирано, разочарано, прелажено и издадено. Војската ви е подготвена за битка, генералите бегаат од битката! Тоа се вика дезертерство Претседателе! Зошто претседателе избегавте во туги воени шатори, а војската ја оставивте на цедило”?

14 години овие прашања чекаат одговор!

Еве му прилика, што самиот ја создаде, нека одговори!(Крај)

Веле Митаноски