Абер дојде ДУИ од Америка

0
1228

ramadanramadani

Колумната на Рамадан Рамадани е објавена во Фокус бр 1040 од 11 септември 2015

Чудно е совпаѓањето на некои народни мудрости, изреки или песни, со некои изнимни настани. Можеби токму тоа, навремено совпаѓање со современи случувања, ги прави тие истите да бидат безвременски. Така некако е и со толку совпадливата народна песна за објавувањето на имињата на обвинетите за мито и корупција од едно сведоштво од предметот за Телеком при Њујоршкиот суд.

Секако дека јас како „јабанџија“ го знаев само насловот на песната „Абер дојде Донке“, кој прв ми текна кога го читав сведоштвото на Богоевски. Но, потоа кога го најдов целиот текст, бев фрапиран колку и во самиот текст има безвременско совпаѓање. Од Кулата Њујорк до американскиот Ага, преку збирање аргати и невести, па сѐ до макотрпното жнеење краток јачмен во Идризово или Гвантанамо. Но, да oдам редум, стих по стих, да се потрудам да го пренесам ова фрапирање.

Целата колумна ОВДЕ