Штрајкот во „11 Октомври“ заврши, Лазаревски конечно е директор

0
890

Штрајкот на наставниците во ОУ „11 Октомври“ заврши кратко откако почна затоа што барањата на вработените ќе бидат удоволени – од утре ќе се делат плати, а двовластието во ова училиште завршува и сега Ратко Лазаревски е легитимен директор, откако Централниот регистер го регистрираше неговиот потпис.

Даниела Костадинова, претходната директорка назначена од министерот за образование и наука, која моментално е на боледување, ќе биде разрешена од функцијата и ќе се врати во матичното училиште „Рајко Жинзифов“.

Речиси 500 наставници од сите седум основни училишта во општина Центар не можеа да си ги добијат платите поради правната блокада која настана во ОУ „11 Октомври“ каде што сменетата директорка Костадинова одбиваше да ја напушти функцијата и да му ја предаде на новоназначенито директор Васко Лазаревски.