Шилегов и одговори на Каракамишева: Присуството на омраза Тања, не недостатокот на љубов

0
1330

Присуството на омраза Тања, не недостатокот на љубов.

И тоа, онаа омраза која свесно или несвесно (за жал, мислам премногу свесно), заедно со “веселата дружина” од Ленинова, секојдневно ја ширите кон различностите од било кој вид. Особено политичките.

Несебично Курирски помогнати.

Секој кој што на било каков начин се осмелил да мисли или дејствува поинаку од тоа како што мисли Големиот пастир (на сите вас и куќен пријател), мора и е шиканиран, означен, прозван до степен на јавен повик за линч.

Со омраза. Без око да ви трепне. Со одвратна леснотија.

Затоа што, во Вашиот свет нема место за различности. Затоа што во Вашиот свет, сите мора да се покорни на едната и единствена желба и мисла. Пастировата.

Искрено, мислам дека на тој начин се обидувате да го прикриете својот страв. Затоа што знаете дека ако преовладаат различностите, повеќе ќе нема место за таквите како вас. Ќе исчезнете. Не знаете да живеете со различности.

Е затоа, Тања си одат децата од нашата држава. Заради неможноста да бидат различни.

Затоа што одбиваат да бидат како вас. Покорни безкичмени слуги.

Заради омразата која ја имате кон нив (а богами и кон нас). Кон сите што имаат различни сваќања, мисли и вредности од оние на Пастирот.

И да. Среќен Божиќ Тања.

За разлика од нив, ти го славиш дома.

Фејсбук статус на Петре Шилегов