Шилегов: Прв сведок на СДСМ ќе биде Заев, кој ќе зборува на јавна седница

0
1355

Претседателот на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, Петре Шилегов, денеска најави дека прв сведок што ќе го повика СДСМ на наредната сесија сведочења ќе биде лидерот на партијата, Зоран Заев, пренесува „Мета“.

Како што најави претседателот на комисијата, Заев ќе зборува на јавна седница.

Одговарајќи на новинарско прашање, Шилегов рече дека на вчерашната седница на комисијата премиерот Никола Груевски одбил да даде одговор на сите прашања поврзани со „бомбите“.

Пратеникот и член на комисијата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, пак, одговорајќи на новинарско прашање, рече дека не е сигурен дали и сведочењето на министерот за финансии, Зоран Ставрески, кое е закажано за четворток оваа недела, ќе биде тајно.

Но, како што рече, имале договор сите сведоци што ќе ги повика ВМРО-ДПМНЕ да сведочат зад затворени врати затоа што некои членови на комисијата „имале желба пред камери да прават драми и да привлекуваат внимание“.