Швајцарија: За секој граѓанин по 2.300 евра месечна плата

0
1669

Швајцарија би можела да стане првата земја на светот која на своите граѓани ќе им дава „плата“, без оглед на тоа дали работат или не.

Швајцарските граѓани за шест месеци би требало да излезат на референдум за да гласаат дали се согласуваат со предлогот секој полнолетен граѓанин, вработен или невработен, од државата да добива фиксен месечен надомест.

Предлогот е основниот приход да изнесува 2.500 франци (2.300 евра) секој месец, додека пензионерите и децата би добивале помалку.

Идејата е граѓаните повеќе од своето време да можат да посветат на работите кои навистина ги интересираат, а не цело време да размислуваат како да ги задоволат основните финансиски потреби за храна, комуналии…