ШОК за Грујо, ќе го фати срце од најновата анкета на ИРИ: Повеќе од половина граѓани сметаат дека Груевски не заслужува реизбор!

0
1177

12248668_1181210395241794_1648245553_n

Македонските граѓани се несигурни околу подготвеноста на лидерите да го спроведат Договорот од Пржино, постојат услови за спроведување на слободни и фер избори, премиерот Никола Груевски не заслужува реизбор и нема слобода на изразување се главните заклучоци од истражуваењето спроведено од Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), пренесува „Мета“.

Според истражувањето, граѓаните се скептични дека партиите ќе го спроведат Договорот од Пржино, па така само 33 отсто од испитаниците одговориле дека тој ќе биде спроведен, а 24 отсто дека нема да биде целосно спроведен.

На прашањето „Дали приемиерот Никола Груевски добро си ја врши својата работа и заслужува реизбор?“, 52 отсто од граѓаните одговориле дека не заслужува, а 35 отсто дека заслужува повторно да биде премиер.

Анкетата покажува дека 42 отсто од граѓаните сметаат дека Македонија е помалку стабилна од минатата година, 18 отсто дека е постабилна, а 38 отсто дека има иста стабилност како претходната година.

Дека политичката ситуација е напната и несигурна, сметаат 52 отсто од граѓаните, додека како мирна и стабилна ја доживуваат 29 отсто.

Поддршка за враќање на СДСМ во Собранието дале високи 67 отсто од испитаниците, а 17 отсто сметале дека опозицијата треба да остане надвор од парламентот.

Катица Јанева ќе може да ги истражи случаите поврзани со прислушувањето независно и без опструкции, сметаат 33 отсто од анкетираните, додека 28 отсто сметаат дека таа ќе има опструкции, а 22 отсто не се запознаени со ова прашање.

За 34 отсто од граѓаните има услови за фер и слободни избори, а за 29 отсто нема такви услови.

Дека не постои слобода на изразување и слобода на говор, сметаат 51 отсто од испитаниците, а 44 отсто сметаат дека постои.

Поддршка Македонија да стане членка на ЕУ даваат високи 72 отсто од испитанциите, а да стане членка на НАТО – 73 отсто.

Истражувањето било спроведено од агенцијата за истражување „Брима“ во период од 29 септември до 5 октомври 2015 година, преку интервјуа лице в лице, на примерок од 1.106 граѓани.

Извор: Мета