Четворица цариници повредени во сообраќајка на автопатот Куманово – Скопје

0
1017

Четворица цариници се повредени во сообраќајната несреќа што се случи утринава при превртување на комбе на Царинската управа на автопатот Куманово – Скопје.

Сообраќајката се случила во 7:15 часот по одвојувањето на автопатот кон обиколницата или кон Скопје.

Двајца од повредените се префрлени во Градската општа болница „Наум Охридски“, а двајца на Клиничкиот центар во Скопје. Засега нема информации за какви повреди станува збор.

На местото на несреќата се врши увид од страна на увидна екипа на МВР која треба да ги утврди причините кои ја предизвикале сообраќајката.