„Фокус“ на МВР му предаде 105 фалсификувани лични карти, доказ за манипулации на последните избори

0
1035

licni_karti

Во Штип и во скопската населба  Шуто Оризари биле изработени околу 30.000 лажни лични карти, најверојатно за да се употребат на последните избори, пишува во последниот брј на неделникот „Фокус“. Редакцијата поседува 105 примероци од овие лични карти, кои се предадени во МВР, јави неделникот.

Личните карти биле без никаква заштита која лесно би се детектирала на кој било граничен премин, но не и за време на гласањето.

Според „Фокус“, во печатењето фалсификувани лични карти била користена базата на податоци на МВР, а во тајниот проект учествувале и полициски функционери. Се користеле идентитети на граѓаните кои не се во државата, а за кои се знаело дека со години не пројавиле интерес за гласање, но и граѓани што се во државата, но биле партиски војници од доверба.

Манипулациите на последните избори беа посочени и дел од аудио снимките од прислушуваните материјали што ги објавуваше СДСМ.